Работно време
Пон – Саб: 8,30 – 21,00 часот
Недела: 9,00 – 19,00 часот

За Вашиот Дом

За Вашата градина

Лојалити


 
Правилник за користење на картичка за потрошувачи – СТАНДАРД ПЛУС на Брико Македонија

 

1. Mr.Bricolage картичка за потрошувачи - СТАНДАРД ПЛУС се издава и гласи на едно лице, а кое во иднина истата активно би ја користило за добивање на попуст во маркетите на Mr.Bricolage на територијата на Р. Македонија. Не е потребно да купите одреден производ /производи или услуга за да ја добиете Mr.Bricolage картичката за лојалност.

2. Mr.Bricolage картичката за потрошувачи - СТАНДАРД ПЛУС секогаш мора да ја имате со Вас за да можете да ги добиете потребните поени за остварување на право за попуст согласно овој правилник. Или пак доколку веќе истата активно ја користите и ги имате остварено условите за да го искористите попустот секогаш морате истата да ја приложите кај нашиот персонал на каса.

3. Mr. Bricolage картичка за потрошувачи - СТАНДАРД ПЛУС не може да се користи за набавка на производ/производи кои се веќе на промоција, попуст или дел од актуелна акциска понуда.

4. Не е возможно да се направи пренос на веќе добиените поени за добивање на попусти од еден сопственик на картичка кон друг сопственик или сопственици на Mr. Bricolage клуб картичка на потрошувачи - СТАНДАРД ПЛУС.

5. Доколку дојде до губење или бесправно отуѓување на Вашата Mr. Bricolage картичка за потрошувачи - СТАНДАРД ПЛУС од трети лица, потребно е веднаш да пријавите на следната е-маил адреса info@mr-bricolage.mk или пак на телефон +389 2 3217 980. Можна е замена на отуѓената картичка со нова, но на трошок на лицето на кое е истата првично издадена. Цената за издавање на нова картичка изнесува 50 ден. со вклучен ДДВ 18%.

6. Поени за остварување на попуст може да се заработат/добијат само со користење на Mr.Bricolage картичка за потрошувачи - СТАНДАРД ПЛУС, а за набавените артикли се плаќа веднаш.

7. Mr.Bricolage картичка за потрошувачи - СТАНДАРД ПЛУС не е ограничена на број на трансакции на дневно, неделно, месечно и годишно ниво во секој од маркетите на Mr.Bricolage на територијата на Р. Македонија.

8. Секој пат кога вашата сметка достигнува одреден број на поени, истите веднаш ќе бидат додадени на вашата Mr.Bricolage картичка за потрошувачи - СТАНДАРД ПЛУС. По достигнување на пропишаниот праг на поени, автоматски добивате право за користење на пропишаниот попуст од 10% при следна набавка на производи во маркетите на Mr.Bricolage на територија на Р. Македонија. По собирање на поените потребни за добивање на попуст, временски рок за искористување на попустот е 30 дена од денот на остварување на правото за користење на попуст. Kористењето на одобрениот попуст е еднократно и се однесува за едно купување на добра во маркетите на Mr.Bricolage на територијата на Р. Македонија. Собирањето на поени не е лимитирано т.е во континуитет може да собирате поени за остварување на попуст, но при секое користење на попустот автоматски Ви се одземаат 100 поени од Вашата картичка. 

Подолу е прикажано резиме на праговите за остварување на попуст: 
Денари / Добиени поени на картичка
За реализирана сметка

Од 1 ден. до 1499 ден. добиен 1 поен
Од 1500 ден. до 2000 ден. / добиени 15 поени
Од 2.001 ден. до 4.500 ден. / добиени 25 поени
Од 4.501 ден. до 7.500 ден. / добиени 40 поени
Од 7.501 ден. до 10.000 ден./ добиени 55 поени
Од 10.001 ден. до 13.000 ден./ добиени 70 поени
Од 16.001 ден. до 18.000 ден. / добиени 85 поени
Од 18.001 ден. + / добиени 100 поени – Максимум број на добиени/собрани поени со кои се остварува правото за добивање на попуст од 10%


9. Брико Македонија го задржува правото, во сопствена дискреција, да ја прекине програмата на Mr.Bricolage картичка за потрошувачи, и воедно да ги промени или ограничи условите, регулативите, роковите без претходна најава во секое време.

10. Поените добиени со користење на Mr.Bricolage картичка за потрошувачи немаат парична вредност и воедно неможат да се заменат за пари или производи.

11. Брико Македонија го задржува правото да го прекине членството и привилегиите и / или да ги поништат сите или дел од собраните поени доколку се утврди дека биле собрани преку компјутерска грешка, измама или кражба, и / или преку користење на други нелегални средства.

12. Брико Македонија никогаш нема да ги сподели или да ја отстапи листата на клубот на членови на Mr.Bricolage картичката за потрошувачи на други правни субјекти или физички лица.

13. На лица вработени во Mr.Bricolage, не e дозволено да учествуваат во програмата на клуб на потрошувачи.

14. Mr.Bricolage картичка за потрошувачи – СТАНДАРД ПЛУС која не би се користела за повеќе од 18 месеци автоматски ги губи поените заработени во претходно наведениот период. Добиените поени како резултат на направени трансакции се валидни во временски период од 18 месеци.

15. Од уписот во Mr.Bricolage клуб на потрошувачи, вие се согласувате да се придржувате до овие правила и услови. Правилата кои се однесуваат на Mr.Bricolage клуб на потрошувачи во однос на остварување на право на попуст, како и разни промоции се предмет на промена без претходна најава.