Работно време
Пон – Саб: 8,30 – 21,00 часот
Недела: 9,00 – 19,00 часот

За Вашиот Дом

За Вашата градина

НАШИТЕ СОВЕТИ

 

СИСТЕМИ ЗА ПОЛИВАЊЕ

Ви се смачи да го вадите тревникот рачно? Би сакале ли да имате повеќе комфор и слободно време? Размислете за монтирањето на систем од фиксни прскалки. Подземниот систем за поливање нуди пријатно наводнување на тревникот со фиксни прскалки. Тие се монтираат пoд земјата за секогаш се поврзуваат со систем на цевки. Прскалките излегуваат волшебно, кога ќе дојде време за поливање на градината и да ја достават ценетата вода таму, кадешто е потребна. Кога ќе си ја завршат работата, истите исчезнуваат назад во земјата. Ако инсталирате исто така и компјутер за управување на наводнувањето ГАРДЕНА, вашиот систем на поливање ќе ја полева градината автоматски, дури и кога ве нема.

Mонтажа на ламиниран паркет

- Пред да се започне со монтажата ламинираниот паркет треба да престои во просторијата најмалку 48 часа во хоризонтално положба, на собната температура која не смее да е помала од 15°. Тоа се прави со цел да се аклиматизира со температурата на просторијата, кадешто ќе се поставува. - Поставувањето на ламинатот се врши, така што сончевата светлина низ прозорецот да паѓа по должина на линиите. Во случај, кога светлината паѓа нормално - под агол од деведесет степени споевите помеѓу одделните панели ќе бидат поизразени.

Заварување

При заварувањето со електричен лак се топат делови од сврзаните елементи и спојот. За топење на челикот е неопходна температура над 3000°С.  Таа  се добива од кусо спојување меѓу двете електроди (прачката за заварување и поврзаниот метал). Се формира електричен лак, којшто се состои од поток од искри со многу голема моќност, при којшто се издвојува интензивна топлина и светлина.

Одржување на дрво

Дрвото е природен материјал, којшто под влијание на различни фактори може да го загуби својот убав надворешен изглед и дури да се распадне. Најголемите непријатели му се дрвојадните инсекти, габичките по кората, атмосферските влијанија.  За да го сочуваме добриот изглед на дрвото за подолго време, треба да го заштитиме.

Дихтување на врати и прозорци

Лентите за дихтување прозорци и врати имаат двојна функција да го задржат топлиот воздух во просториите и да ја изолираат буката од улицата. Лентите за дихтувањето  сопираат течењето околу прозорците и под вратите и така значително се намалуваат загубите на топлина, а исто пречат и на буката да влегува така лесно.

Поставување на тапети со хартиена основа

Ако сте решиле да ги фасадирате ѕидовите со тапети, имате многу можности за избор.  Поставувањето на тапетите е лесно. Ќе се требаат само неколку алати, а во овој совет ќе ги научите основните чекори за работа.  Ѕидот (или површината, којашто ќе ја покривате) треба да се мазни, здрави и чисти.  Ако не е така, ќе е потребно, пред да започнете со работа, да ја подготвите за декорација (видете го нашиот совет "Како да ги подготвиме ѕидовите за декорација")

Поставување на оградена мрежа

Поставувањето на мрежа е најпопуларниот начин за оградување и често се комбинира со жив плет од различни видови грмушки. Можете да избирате меѓу неколку видови огради: жичана со обична плетка, оградни рамки, оградни елементи од ковано железо...  При поставувањето најпрво се поминува низ неколку општи  фази  на редење на оградните столбови, бетонирање и др. Понатаму се работи специфично  на секој вид ограда. Во овој совет ќе ви го покажеме класичниот начин за поставување на оградна мрежа.

Поставување типли

Дијаметарот и должината на типлата се заемно зависни: колку што типлата е подолга, толку поголем е нејзиниот дијаметар. Колку што е подолга типлата, толку попостојано е зацврстувањето.  Типлите со ширење се наменети за тврди ѕидови. Телото на типлата се проширува, кога  винтот ќе се постави и ќе се блокира во ѕидот. Има многу видови типли со ширење, со винтови за дрво и за метал.