Работно време
Пон – Саб: 8,30 – 21,00 часот
Недела: 9,00 – 19,00 часот

За Вашиот Дом

За Вашата градина

За нас

 Mr.Bricolage е француски ланец на „направи сам“ хипермаркети кој со својата традиција, професионалност и директен пријателски пристап комплетно го промени „направи сам“ секторот во Франција. Компанијата која постои уште од далечната 1964 година, го изгради препознатливото име и ја стекна довербата од клиентите преку континуирана и долгорочна соработка со своите партнери и добавувачи, како и преку постојаната обука и инвестирање во своите вработени. Со вкупно 705 продавници, 11.000 вработени и продажен простор од над 1.600.000 m2, Mr.Bricolage спаѓа меѓу најдобрите 4 „направи сам“ маркети на глобално ниво. 

Не земајќи ги предвид продавниците во Франција, во Mr. Bricolage секој месец влегуваат по 500.000 клиенти, кои велат дека Mr. Bricolage им е „омилен продажен ланец поради пријатната атмосфера, добрата услуга и удобноста при купувањето“. Тоа се купувачи од Белгија, Романија, Бугарија, Србија, Мароко, Маурициус, Уругвај, Андора, Мадагаскар,а веќе и во Македонија.

Успехот и подемот на компанијата се должи на професионалниот пристап, политиката за обука на вработените и силната посветеност кон воспоставување на врвни стандарди во работењето кои на купувачите им гарантираат стандардизирана услуга и еднаков квалитет на производите во сите продавници на Mr.Bricolage. 

Високите стандарди, пријателската услуга и врвно обучениот кадар кој е секогаш подготвен да помогне не се единствените причини заради кои потрошувачите ширум светот со години наназад се одлучуваат да купуваат во Mr.Bricolage. Позитивното искуство на клиентите е надополнето и со големиот избор на артикли од асортиманот наменет за уредување на домот, градината како и за опремување на вашата работилница. Во Mr.Bricolage во Скопје, купувачите ќе имаат широк избор од над 20.000 артикли распоредени на површина од 3000 м2во категории како електрика и расвета, aлати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, сè за бањата, керамички плочки, дрво, подови и подни облоги, сè за уредување на градината и др. Сите производи се внимателно одбрани така што со своите карактеристики ги задоволуваат стандардите за квалитет по добри цени.

Тоа што го издвојува од останатите маркети и поставува нови стандарди и навики е што во Mr.Bricolage потрошувачите на едно место ќе можат да добијат и бројни услуги кои ќе им го поедностават животот и ќе им заштедат значајно време. Дел од тие услуги се: испорака на купената роба, консултации со професионален кадар, кроење иверки според димензиите и желбите на купувачот, поставување на купениот ламинат, сечење стакло, правење на рамки за слики во димензии по желба на купувачот, мешање на бои и др. 

Се ова се надоврзува на филозофијата на компанијата која го става купувачот во центарот на својот свет и му овозможува преку практични совети, не само да ја исполни својата замисла за уредување на домот и градината, туку и да заштеди на сите активности кои ќе се одлучи да ги заврши сам. Целта не е да се продаде повеќе, туку да се оствари искрена комуникација со потрошувачите за да може да се пронајде ефикасно и практично решение за нивните идеи, проекти и замисли.

Хипермаркетот Mr.Bricolage е лоциран во близина на Универзитетот ФОН на раскрсницата на улиците Перо Наков и Булевар „Војводина“. Сместен е во објект на Скопски Пазар кој се наоѓа во индустриската зона во населба Ќерамидница. Самата локација овозможува лесен и брз пристап со автомобил од било која населба во Скопје и едноставен пристап за купувачите од другите градови поради фактот што се наоѓа на мало растојание од Булеварот „Александар Македонски“. Дополнително хипермаркетот располага и со бесплатен паркинг за 200 возила со што на купувачите им е олеснето доаѓањето и купувањето без непотребно губење време на споредни активности.